Top Sport

Гол во последната секунда – Пик Сегед ја одбрани титулата во Унгарија

Ракомеатрите на Пик Сегед ја одбранија титулата во првенството на Унгарија. Петтата титула во клупската историја, ракомњтарите на Пик Сегед ја освоија на теренот на најголемиот ривал Веспрем.

Сегед победија во вториот меч со 30:29 и благодарение на поголемиот број голови постигнати на госѕински терен станаа шампиони. Првиот меч му припадна на Веспрем 29:28.

Победата на Сегед му ја донесе пикерот Роста со гол во последната секунда од натпреварот.

Неверојатно е како Веспрем не успеа да ја врати шампионската титула. На 30 секунди до крајот, резултатот беше 29:29 и Веспрем имаше напад. Македа направи пробивање, а потоа Бомбач му асистираше на Росту кој го постигна најважниот гол во кариерата.

Пик Сегед до победата го предводеше голманот Миклер. Унгарскиот репрезентативец имаше 15 одбрани. За споредба, голманите на Веспрем, Коралес и Цупара заедно имаа осум интервенции.

Најефикасен во редовите на Пик Сегед беше Росту со пет гола. Веспрем го предводеше Мае со седум гола, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна два гола.

Scroll to Top