Веб-порталот „Балкан-хендбол“ објавува дека состојбата на српскиот голман Славиша Ѓукановиќ е значително подобрена по срцевиот удар кој го доби на тренинг со својот тим Аикс.
„Тој е буден, свесен и комуникативен“, се вели во изјавата на луѓе блиски до голманот од болницата во Марсеј.
Ракометниот свет беше шокиран од веста дека 38-годишниот Ѓукановиќ, кој беше замена за Дарко Станиќ во српската ракометна репрезентација, и кој од 2002 година игра во Франција, се наоѓа во тешка состојба по колапсот на тренинг. Француските медиуми дури објавија дека тој паднал во кома.