Поранешниот ракометар на Вардар Сергеј Горбок на 37 годишна возраст реши да стави крај на кариерата.
Горбок, во два мандати го носеше дресот на Вардар од 2014 до 2016 и од 2018 до 2020 година. Со црвено-црните минатата сезона ја освои Лигата на шампионите.
Покрај во Вардар во кариерата играл и во Аркатон, ЗТР, Целје, Чеховски медведи, Рајн Некар и Пик Сегед.
Горбок од 2001 до 2009 одиграл 42 натпревари за Белорусија, а од 2012 настапил на 85 натпревари за Русија.
Според информациите Горбок по пензионирањето ќе остане да живее во Скопје.