Top Sport

Горење го „прегази“ Металург

Гостувањето на Металург во Велење не помина најдобро, откако во меч од СЕХА лигата, Горење со 37:25 (21:13) не му даде шанса на македонскиот вице-шампион.

Македонскиот клуб беше израмнет противни само во првите десетина минути од мечот, по што домаќините направија серија од 6:0 за да поведе со 18:10 и предноста ја одржуваше до крајот на мечот.

Илиќ беше најефикасен кај нашиот тим со осум гола, додека седум имаше Кузмановски, додека кај домаќините Клеч и Цехте имаа по шест гола. Ова е деветти пораз на Металург во СЕХА-лигата и тие остануваат на седмото место во регионалното натпреварување со 16 поени.

Scroll to Top