Битолскиот суперлигаш Еурофарм Работник доведе нов ракометар за продолжението на сезоната во Суперлигата и Челинџ купот. Ново име во клубот е Елмир Граџан од Босна и Херцеговина.
24-годишниот Граџан ги минал сите младински категории на ракометната репрезентација на БиХ, а има и неколку настапи за сениорската репрезентација.
Ова е второ засилување за Еурофарм Работник оваа недела откако претходно договор со клубот потпиша е 31-годишниот Грузиец Рати Мсквилидѕе.
Во тимот на новиот стратег Илија Темелковски, Граџан ќе дебитира в сабота во Прилеп.