Микел Хансен, во традиционалниот избор на специјализираниот ракометен портал „handball-planet.com“ е прогласен за најдобар ракометар во светот. Ова е добра вест за Данецот, кој поради воспалена вена и белодробна емболија ја заврши сезоната. Хансен од ракометните терени ќе отсуствува од четири до шест месеци.
Хансен собра најмногу гласови од навивачите и новинарите. Данецот го предводи и идеалниот тим за 2021 година. Во идеалниот тим има тројца играчи на Барселона, двајца од Фленсбург.
Идеалниот тим на „handball-planet“:
Лево крило: Хампус Ване (Фленсбург, Шведска)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ, Данска)
Плејмејкер: Џим Готфридсон (Фленсбург, Шведска)
Десно крило: Алеиш Гомез (Барселона, Шпанија)
Десен бек: Дика Мем (Барселона, Франција)
Пивот: Лудовик Фабрегас (Барселона, Франција)
Голман: Никлас Ландин (Кил, Данска)
Најдобар дефанзивев: Хенрик Молгард (Олборг, Данска).