Левиот бек на Данска, Микел Хансен е прогласен за најдобар играч на 26.Светско првенство во ракомет, кое во изминатите две недели се одржуваше во Германија и Данска.
Првенството заврши со триумф на Данска, второто мето и припадна на Норвешка,ма третото на Франција.
Хансен турнирот го заврши како најдобра стрелец, тој постигна 72 гола.
Во идеалниот тим на првенството има тројца Норвежани, двајца Данци и по еден ракометар од Германија и Шпанија.
Идеалниот тим на СП:
МВП: Микел Хамсен (Данска)
Голман: Никлас Ландин Јакобсен (Данска)
Десно крило: Феран Соле (Шпанија)
Десен бек: Фабијан Виде (Германија)
Среден бек: Расмус Лауге Шмит (Данска)
Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)
Лево крило: Магнус Јондал (Норвешка)
Пикер: Бјарте Мирхол (Норвешка).