Top Sport

Хансен најдобар стрелец и МВП на ракометниот Мундијал

Левиот бек на Данска, Микел Хансен е прогласен за најдобар играч на 26.Светско првенство во ракомет, кое во изминатите две недели се одржуваше во Германија и Данска.

Првенството заврши со триумф на Данска, второто мето и припадна на Норвешка,ма третото на Франција.

Хансен турнирот го заврши како најдобра стрелец, тој постигна 72 гола.

Во идеалниот тим на првенството има тројца Норвежани, двајца Данци и по еден ракометар од Германија и Шпанија.

foto: epa

Идеалниот тим на СП:

МВП: Микел Хамсен (Данска)

Голман: Никлас Ландин Јакобсен (Данска)
Десно крило: Феран Соле (Шпанија)
Десен бек: Фабијан Виде (Германија)
Среден бек: Расмус Лауге Шмит (Данска)
Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)
Лево крило: Магнус Јондал (Норвешка)
Пикер: Бјарте Мирхол (Норвешка).

Хансен: Син и светска титула – не може да биде подобро

Scroll to Top