Top Sport

Хорхе Македа се враќа во Нант

Нант најде замена за Кирил Лазаров. Легендата на макеоднскиот и светскиот ракомет, по завршувањето на сезоната ќе ја заврши кариерата. На неговото место доаѓа Хорхе Македа.

Шпанецот, по шест години се враќа во Нант. Со голем успех, 33-годишникот, го носеше дресот на Нанат во периодот 2012-2015.

Македа е член на генерацијата на Вардар, која во 2017 година ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Оваа сезона Македа настапува во Веспрем. Нант со десниот бек потпиша двегодишен договор.

Scroll to Top