Top Sport

Хорват и тренерот Марковски ги продолжија договорите со Металург

Ракометниот клуб Металург ги продолжи договорите со тренерот Иван Марковски и десното крило Златко Хорват. Марковски се обврза и во наредните три години да го предводи Металург, додека искусниот Хорват во Автокоманда ќе остане и во наредните две години.

Тренерот Марковски дојде во Металург при крајот на март и за кратко време успеа да ја консолидира екипата и да ја извлече од резултатската криза во која го најде клубот.

Хрватскиот репрезентативец Хорват, заедно со Мартин Серафимов, Стефан Додиќ, Милан Лазаревски ја формира основната база за следната сезона.

“Златко Хорват е мој избор со кој посебно се гордеам, како играч, како личност, како другар, одличен за играчки табор, посветен како пример за останатите играчи. Кога пред година дена одлучив да се обидам да го донесам во Металург, знаев дека носам бренд и едно од најдобрите светски десни крила. Сега, на крајот од сезоната, го продолжувам договорот за уште две години, со столб на екипата, поддршка во секој поглед“, изјави претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Фото/rkmetalurg.mk

Scroll to Top