Top Sport

Хрватите без Шебетиќ на ЕП

Лино Червар, селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, се соочува со сериозни проблеми во пресрет на Европското првенство. Од оваа перспектива повредите се тие што му го кројат составот на поранешниот тренер на Металург и македонската репрезентација.

Хрватска, како и пред секои големо натпреварување има високи амбиции, но на златен медал чека веќе 15 години. Како ќе изгледа конечниот список за ЕП во Австрија, Норвешка и Шведска не знае ниту Червар.

На почетокот на подготовките поради повреда на ногата отпадна крилниот играч Ловро Михиќ, а потоа истото му се случи и младиот Фран Милета.

Вчера на тренингот десниот бек Лука Шебетиќ ја обновил повредата на рамото поради што во четврток ќе мора да биде опериран. На негвоот место Червач го повикал играчот на Загреб, Јосип Векиќ.

Здравствениот билтен кај Хрватите не е идеален, проблеми со повредите имаат поранешните вардарци Лука Циндриќ и Игор Карачиќ, односно Лука Степанчиќ. За нив Червар верува дека ќе бидат подготвени за ЕП.

Хрватска на ЕП ќе се натпреварува во А-групата против Црна Гора, Белорусија и Србија.

Scroll to Top