Top Sport

Хрватите го добија „тестот“ со Црна Гора

Хрватската ракометна репрезентација беше подобра од Црна Гора со 25:22 во подготвителен натпревар пред стартот на Европското првенство, на кое Хрватите одат на злато.

Хрватска го почнува шампионатот на 12 јануари во неверојатното дерби во Сплит против Србија, така што тимот на Лино Червар сметаше дека Црногорците се доволно силна репрезентација да ги тестира „коцкестите“.

Црна Гора добро се „држеше“ во текот на целиот натпревар, и иако губеа со 13:10 на полувреме, во 44. минута беше само еден гол разлика, по што Хрватите беа посилни во финишот.

Мечот во „Спаладиум арената“ имаше и хуманитарен карактер, бидејќи парите од билетите (а имаше околу 10 илјади гледачи) отидоа во Клиниката за детска хирургија во Сплит.

Scroll to Top