Top Sport

Хрватот Ловро Јотиќ ново засилување за Еурофарм Работник

Ракометниот репрезентативец на Хрватска, бекот Ловро Јотиќ е нов член на битолски Еурофарм Работник, објавија денеска од Управата на клубот.

Јотиќ во Битола доаѓа од тимот на ППД Загреб и во него „фармацевтите“ гледаат големо засилување пред предизвикот во Лигата на шампионите.

24-годишниот ракометен бек потпиша двегодишен договор со Еурофарм Работник.

Јотиќ е третото интернационално засилување за тимот од Битола. Претходно за клубот потпишаа Словенецот Ратајац и Марин Вегар кој дојде од Романија.

Подготовките за новата сезона Еурофарм ќе ги започне на 21 јули.

Scroll to Top