Хрватска ги задржа шансите за пласман во полуфиналето на Евро 2018 година, откако во загрепска „Арена“ (која не беше полна со публика како салата во Сплит), едвај со 25:23 го победи аутсајдерот Белорусија.
Ако се веруваше дека тимот на Лино Червар ќе има „загревање“ за потешките противници Норвешка и Франција во второто и третото коло, Белорусија успеа да одржи резултатска неизвесност во текот на целиот меч, за на крајот да има напад за реми, пред домаќините да остварат победа.
2 metres tall Marko Mamic makes his way through into the Belarus’ defense in a complicated way.
Watch it again!
?? vs ?? #CROBLR@HRStwitt pic.twitter.com/9yfNG5vzXr— EHF EURO (@EHFEURO) January 18, 2018
Марко Мамиќ и Лука Степанчиќ беа најефикасни со по пет погодоци, додека за Белорусите најдобар стрелец беше Андреј Јуринок со шест гола.
Останува впечатокот дека Хрватите ќе мораат да бидат многу подобри во следните два меча доколку сакаат домашната предност да ја крунисаат со борба за медали. Исто така, несфатлив е недостатокот на ентузијазам на домашната публика, веруваме дека доколку таков шампионат има во Македонија ќе се бара билет повеќе за нашите натпревари.