Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров со години е заштитно лице на познатата компанија за спортска опрема “Хумел“. Данскиот бренд ги презентираше новите патики кои Лазаров ќе ги носи веќе од дербито во францускиот шампионат помеѓу Нант и ПСЖ, кое се игра во четврток.
Патиките се во сино-бела боја и го имаат заштитното лого „Лазаров7“.
Инаку од март наредната година, во сите специјализирани продавници на „Хумел“ ќе можат да се купат овие патики.
Лазаров е еден од најдобрите и најпопуларни македонски спортисти во историјата така што данската компанија очекува дека патиките добро ќе се продаваат во Македонија.
Заради популарноста на Лазаров во нашата земја и низ светот, несомнено е дека патиките добро ќе се продаваат.
„Хумел“ ги дизајнира и патиките за Лазаров и кога тој игра за репрезентацијата.