Тиери Омејер пред повеќе од шест месеци објави крај на репрезентативната кариера, меѓутоа неговото име се најде на проширениот список на Франција за Европското првенство.
Селекторот на Франција, Дидие Динар, го замолил легендарниот голман да биде на списокот во случај да се повреди некој од тројцата голмани: Венсан Жерар (Монпелје), Сирил Думолан (Нант) и Жилиен Мејер (Шамбери).
Омејер е најуспешниот голман во историјата на ракометот со пет светски, три олимписки и две европски титули.
Неодамна го прослави 41. роденден, а сѐ уште е активен во тимот на ПСЖ.
Европското првенство во Хрватска ќе се игра во периодот од 12 до 28 јануари в година.