Ракометната репрезентација на Исланд стигна до фантастична победа со 11 гола разлика на гостувањето кај Турција (33:22) за да покаже дека е апсолутен фаворит во нашата квалификациска група за Европското првенство во 2020 година со втората убедлива победа во низа.
Нашите момци попладнево во Кожани ќе се обидат да ја победат Грција и да се израмнат со „рибарите“ на табелата, но јасно е дека Исланѓаните се сигурни дека можат да ја завршат нашата група на првото место.
Од друга страна, Евро 2020 станува сѐ подалечно за репрезентацијата на Србија, која со 29:24 беше поразена на гостувањето кај Швајцарија по ремито со Белгија, а во групата уште ги очекува и пресметка со опасната Хрватска.
ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
Швајцарија – Србија 29:24 (12:11)
Турција – Исланд 22:33 (13:16)