„Он-лајн“ во Куќата на ракометот беа формирани двете групи според кои ќе се игра сезоната 2020/2021. Во Суперлигата ќе играат 16 екипи, 14 од нив се поделени во две групи, додека Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат во плеј-офот.
Како носители во Групите А и Б беа извлечени Охрид и Металург.
Во Групата А заедно со Охрид уште се и Јуниор Кисела Вода, Пролет, Астраион, Радовиш, Голден арт КЛ-7 и Струга.
Во Групата Б се Металург, Еурофарм Пелистер 2, Работнички, Бутел, Младост Богданци, Тиквеш, и Прилеп.
Сезоната треба да започне на 12 и13 септември, секоја екипа ќе одигра по 14 натпревари. По завршувањето на групната фаза, најдобрите три екипи од двете групи ќе продолжат во плеј-офот, каде што ќе им се придружат Вардар и Еурофарм Пелистер, а екипите пласирани од четврто до седмо место ќе одат во плеј-аут фаза и ќе играат за опстанок.