Top Sport

Јапонците се мајстори за неизвесни мечеви, 30-29 со Ангола за следна фаза

Ракометарите на Јапонија во третото коло од групата Ц со 30-29 ја совладаа селекцијата на Ангола, во рамки на Мундијалот во Египет.

„Самураите“ кои се чини се претплатени за неизвесни мечеви по нерешениот исход со Хрватска (29-29) и тесниот пораз во самиот финиш од Катар (31-29), сега во неизвесна завршница ги средија африканските преставници.

Денеска најпрецизен кај Јапонија беше Ватанабе со 7 гола, додека кај Ангола најмногу голови постигна Тати, вкупно 6.

Со овој триумф Јапонија го осигура пласманот во вториот круг, а селекцијата на Ангола ќе продолжи во Президент купот.
Во следната фаза Јапонците пренесуваат 1 бод, оној од ремито со Хрватите.

Познато е дека и Катар и Хрватска обезбедуваат пласман во следната рунда, но по нивниот меч кој започнува во 18 часот ќе се знае која селекција колку бодови ќе пренесе во новоформираната група во која ќе бидат селекциите на Данска, Аргентина. За третиот патник во таа група директно ќе решаваат ДР Конго и Бахреин.

Scroll to Top