Top Sport

Јованка Радичевиќ во тимот на сезоната во ЛШ

Утре во Будимпешта ќе се одигра завршниот турнир во женската Лига на шампиони. Титулата ја бранат ракометарките на Ѓер, а во пресрет на натпреварите ЕХФ го објави „Ол Стар тимот“ за сезоната 2018/2019.

За најдобриот тим во сезоната гласале околу 26.000 навивали, а место во него има за поранешниот капитен на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ, која сега настапува за ЧСМ Букурешт.

Голман: Катрин Лунде (Виперс Кристиансанд)
Лево крило: Манон Хует (Мец)
Лев бек: Ане Мете Хансен (Ѓер)
Среден бек: Стине Офтедал (Ѓер)
Десен бек: Ана Вјакхирева (Ростов-Дон)
Десно крило: Јованка Радичевиќ (ЦСМ Букурешт)
Пивот: Крина Пинтеа (Ѓер)

Најдобра млада ракометарка оваа сезона е Ноеми Хафра од Мец, Едуарда Аморим е прогласена за најдобар дефанзивец, а тренер на сезоната е стратегот на Мец, Емануел Мајандоне.

Инаку, на завршниот турнир во полу-финалните натпревари ќе играат Ѓер и Кристиансанд, односно Ростов Дон и Мец.

Scroll to Top