По паузата поради Еврпското ракометно првенство во Хрватска продолжува клупската сезона. Од македонските екипи прв тргна Вардар кој вчера одигра 25:25 на гости кај Мешков Брест, викендов црвено-црните ќе гостуваат кај Татран Прешов, додека вториот макеоднски тим во СЕХА лигата ќе ја пречека Војводина.
Металург најблаго кажано е во сјајна ситуација пред мечот со Вјводина. Финансиите преставуваа голем товар поради што четворица играчи веќе го напуштија клубот. Играчи на Металург повеќе не се Арсиќ, Анѓелиќ, Динитриевски и Петров.
Покрај „ситнењето“ на играчкиот кадар во клубот никој не знае дали првиот тренер Лино Червар ќе се врати во Автокоманда. Червар не е во Металург од октомври минатата година, кога беше назначен за селектор на Хрватска. Откако беше назначен за селектор тој замина за Хрватска со образложение дека треба да испланира добри подготвки за „коцкестите“ да го освојат златото на домашен терен. На крајот Хрватска на ЕП заврши на петтото место, а покрај во Металург неизвесна е судбината на червар и на кормилото на репрезентацијата.
Тимот, без четворицата кои веќе заминаа, на дуелот со Војводина ќе го предводи Александар Јовиќ.
„Неделниот натпревар би го окарактеризирал како дерби од долниот дел на табелата во СЕХА-лигата. По подолга играчка пауза, нѐ чека исклучително тежок натпревар. Екипата на Војводина сега има нов тренер во Касим Каменица, кој добро ја познава нашата екипа. Мислам дека добро ќе се подготват и дека ќе сакаат да ги освојат бодовите во Скопје. Меѓутоа, и ние добро трениравме во изминатиот период и убеден сум дека момците ќе дадат максимум од себе на овој натпревар. Во составот имаме 11 младински репрезентативци и редно е тие да си ја добијат својата шанса и да покажат што знаат. Сега имаме убедливо најмлада екипа во СЕХА-лигата, но јас сум убеден дека и оваа екипа има квалитет и дека младиве играчи имаат потенцијал. Исто така верувам и дека нашиот спонзор Минчо Јорданов ќе најде решение и дека Металург конечно ќе излезе од оваа криза што трае веќе некое време“, рече Јовиќ.
Металург по 12 натпревари во регионалната лига се наоѓа на седмото место со 13 бода, додека Војводина со само две победи е последна на табелата.
Натпреварот во „Борис Трајковски“ се игра в недела со почеток во 15 часот.