Top Sport

Карабатиќ: Да се забрани играта 7 на 6 и да се ограничи времето за напад

Никола Карабатиќ, легендата на францускиот и светскиот ракомет, следејќи го вчерашниот натпревар помеѓу Франција и Швајцарија (25:24), смета дека ракометната игра треба да доживее некои промени.

Карабатиќ, кој поради повреда не игра на Светското првенство во Египет, смета дека во ракометот треба да бидат воведени две нови правила.

Играчот на ПСЖ, смета дека треба да биде укинато правилото тимот кој напаѓа тоа да може да го прави со седум играчи.

„Тоа не е е фер, ракометот треба да се игра 6 на 6. Треба да се забрани напад 7 на 6“, напишал прославениот ракометар.

Исто така, Карабатиќ, смета дека треба да се ограничи времето за напад. На тој начин според него играта би била поатрактивна и би се постигнувале повеќе голови.

Scroll to Top