Top Sport

Карабатиќ: ЕХФ донесе неспортски одлуки

Никола Карабатиќ не се согласува со одлуките што ги донесе водечкото тело на европскиот ракомет. Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да не се игра нокаут фазата во Лигата на шампионите, туку двете најдобри екипи од групите А и Б директно да одат на завршниот турнир и да не се играат бараж-дуелите за пласман на Светското првенство во Египет.

Еден од најдобрите играчи во историјата вели дека ваквите одлуки му се нејасни, иако му одат во прилог. ПСЖ ќе игра на завршниот турнир, а Франција без борба се пласираше на Светското првенство.

„ЕХФ сака, но нема смисла да играме ракомет во декември. Одлуките се застрашувачки, не се спортски. Играчите никој ништо не ги прашува. Бесен сум бидејќи ние сме тие кои играме“, рекол Карабариќ.

„Разбирам дека ЕХФ ги гледа своите финансиски интереси, дека бара начин да ги одработи натпреварувањата. Сепак имам впечаток дека сето тоа е на грбот на играчите“, заклучил играчот на ПСЖ.

Scroll to Top