Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ открива до каде оди хрватскиот селектор во подготовките за мечевите. Хрватска денеска игра со Шведска, откако претходно ги победи мечевите со Србија и со Исланд и се пласираше во втората рунда.
„Нема веќе ‘Плејстејшн’. Нема играње, селекторот не дава. Лино ни укина сè, мораме да се концентрираме само на ракометот“, вели Карачиќ.
Поранешниот македонски селектор и тренер на Металург, од друга страна дозволува играње на карти.
„Да, ама никој не игра карти. Наместо тоа шетаме, одиме на кафе на Рива, разговараме со луѓето. Искрено, нема премногу слободно време, и денот минува бргу“, додава Карачиќ.