Top Sport

Карачиќ најплатениот играч на Вардар во последната деценија

„Handball TV“ изминатиов период се занимава со платите на ракометарите во клубовите. По ПСЖ, Барселона и Веспрем на ред дојдоа и платите на европскиот првак Вардар за периодот 2010-2020.

Анализата покажува дека платите во Вардар значително започнале да растат во ерата на Сергеј Самсоненко.

Во сезоната најголема месечна плата имал Рајко Продановиќ (3.500 евра), потоа границата од 4.500 евра ја пробил Илија Абутовиќ. Прв со месечна плата од 6.000 евра бил Алекс Душебаев.

Тој и Абутовиќ се првите кои ја пробиле границата од 9.000 евра, а првиот што имал месечна плата бил голманот Арпад Штербик.

Максималната месечна плата што ја добивал Штербик од Вардар изнесувала 14.800 евра.

Според овој извор последните години најплатен играч во тимот, а со тоа и во клупската историја бил Игор Карачиќ. Хрватскиот репрезентативец заработувал месечно 15.500 евра. Блиску до него се Тимур Дибиров и Даинис Криштопанс.

Од македонските ракометари најголема плата имал капитенот Стојанче Сотилов, 10.000 евра, колку што во еден период заработувале Дуешебаев, Сташ Скубе и Вуко Борозан.

Scroll to Top