Top Sport

Карачиќ неизвесен за настап на СП во Египет

Доскорешниот ракометар на скопски Вардар, хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ не е на списокот на селекторот Лино Червар за вториот круг на подготовки за настап на ракометниот Мундијал, кој на почетокот на следната година ќе се одржи во Египет. Причината е повреда.

Караџиќ е неизвесен за настап на СП поради повреда на препоните. Тој останува да се рехабилитира во Мостар и Загреб, а на четата на Червар ќе исе приклучи доколку успее навреме да ја санира повредата.

„Веќе еден месец имам тежок облик на воспаление на препоната. Во договор со репрезентацијата и со клубот (Киелце) на некој начин ја избегнавме операцијата затоа што сакам да играм на Мундијалот. Моментно сум во Мостар и со својот тренер и физиотерапевт работиме да го забрзаме моето опоравување. Ќе дадеме се од себе да бидам подготвен за СП“ изјави Карачиќ за хрватските медиуми.

На списокот на Червар за Египет има 21 играч, а ИХФ дозволи на Мундијалот да има максимум по 20 играчи од секоја селекција.

Хрватите се во групата Ц, заедно со Катар, Јапонија и Ангола.

Scroll to Top