Top Sport

„Каубојците“ остануваат во „лов“ на полуфинале (видео)

Хрватска ја совлада Норвешка со 32:28 за да остане во борба за пласман во полуфиналето на домашното Европско првенство, откако пред овојпат преполната „Арена“ во Загреб беше во предност од почетокот до крајот на натпреварот.

По тешкиот натпревар против Белорусија, кога ниту трибините беа полни, ниту играчите беа на потребното ниво, популарните „Каубојци“ од почетокот до крајот беа одлични, со фантастичниот  Иван Стевановиќ на голот.

Мануел Штрлек беше најдобар поединец за домаќините со шест гола, а одлична партија имаше и ѕвездата на Вардар, Лука Циндриќ со пет гола. Кај Норвежаните, Сандер Сагосен имаше дури осум гола, но посебно слаба партија имаше голманот Еспен Кристенсен.

Сепак, победата не гарантира пласман во полуфиналето на домаќините. Иако заедно со Французите имаат шест поени на врвот на табелата во првата група, Хрватска останува со само еден натпревар пред нив – токму дуелот против Франција, додека Норвешка во соседскиот дуел со Шведска ќе ги одлучува двајцата патници во борбата за медалите.

Scroll to Top