Top Sport

Кире порача: Купете си „дијaзепам“ навреме!

Македонскиот капитен, столбот на тимот кој „гази“ во Германија, Кирил Лазаров има кратка но јасна порака до македонските навивачи преку „Репортер“: инфаркт-натпреварите ќе продолжат, затоа навреме купете си „дијазепами“.

Македонската ракометна репрезентација првите два натпревари од Евро 2018 во Хрватска ги освои со еден гол разлика (против Словенија и Црна Гора), додека во третиот, во уште еден драматичен меч одигравме нерешено против Германија.

Сега, пред нас се посилните противници – Шпанија, Данска и Чешка, стартувајќи со татковината на нашиот селектор, Шпанија, веќе в недела.

„Наоружајте се со ‘дијазепам’, продолжуваме со исто темпо. Атмосферата е одлична. Би било чудно да е поинаку. Меѓутоа, работи и свеста и нема преголема еуфорија. Играме добро, тоа е најважно. Но, можеме уште подобро. Имавме тешка група и освоетното прво место е за почит“, изјави Кире за „Репортер“.

Scroll to Top