Горан Кузманоски, во следната сезона ќе го предводи суперлигашот, Скопје 2020, а денеска клубот ја официјализираше соработката.
Некогашниот репрезентативец на Македонија клупата на Скопје ќе ја преземе од тренерската палка од Андријана Будимир. Таа останува во стручниот штаб заедно со Ања Алтхаус.
Екипата на Скопје за Кузманоски ќе биде втор предизвик во неговата тренерска кариера. Кузманоски во последните две сезони мина на клупата на Прилеп и од прилепскиот тим заминува со исполнета цел, двапати со клубот успеа да обезбеди опстанок во најквалитетното македонско натпреварување.
Новата сезона во Супер лигата треба да почне на 3/4 септември. Прв предизвик за Кузманоски во новиот клуб ќе биде екипата, во која ја одигра последната сезона од играчката кариера, Еурофарм Пелистер. Освен Еурофарм Пелистер, Скопје за противници во рамки од Групата Б ги има и екипите на Голден Арт, Пролет, Тиквеш, Радовиш, Јуниор КВ и вториот тим на Еурофарм Пелистер.