Капитенот на ракометарите на Металург Филип Кузмановски, во интервју за официјалниот сајт на СЕХА лигата говори за атмосферата во клубот, финансиската состојба, тренерот Лино Червар…
„Иако работиме според истите принципи и се придржуваме до истите тактики и вежби, верувам дека неговото присуство е многу значајно за овој млад тим. Ни недостасува неговата енергија и начинот на кој тој ја предава на ракометарите“, рекол Кузмановски.
Червар од окомври минатата година не е со играчите и нејасна е неговата иднина во клубот. Во негово отсуство тимот го води Александар Јовиќ.
Покрај отсуството на Черва проблем за играчите преставува и тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот.
„Тренинзите и натпреварите се приоритет број еден за сите нас и затоа, следејќи ги нашите настапи, вие не можете да ја почувствувате тешката ситуација во клубот. Сите ние размислуваме на овој начин и ќе се обидеме напорно да работиме, се додека тоа е навистина можно“, вели меѓудругото во интервјуто за СЕХА 22-годишниот капитен на Металург.