Top Sport

Ландин од 2023 година во Олборг

По Микел Хансен и најдобриот светски голман Никлас Ландин Јакобсен реши да се врати во татковината. Наредната сезона ќе биде последна за Ландин во дресот на Кил. Од сезоната 2023/24 тој ќе го брани голот на Олборг.

Ландин потврдил дека потпишал четири годишен договор со Олборг. На медиумите им открил дека поради семејни предизвици решил да се врати во Данска.

Олборг полека составува сериозен тим и во иднина најавува поход на трофејот во Лигата на шампионите. Дресот на Олборг од оваа сезона го носи Исланѓанецот, Арон Палмарсон, а во новата сезона за овој тим ќе игра и Микел Хансен.

Scroll to Top