Се надевме дека македонските навивачи кои се во Вараждин добро знаат дека се наоѓаат во Хрватска и ќе си ги проверат мобилните телефони, откако локацијата на градот целосно го збуни данскиот голман Никлас Ландин.
Данците се едни од фаворитите за злато во Хрватска, и еден од нашите три противници во втората рунда, и денеска го стартуваат натпреварувањето со дуел со Словенија.
„Понекогаш се прашувам дали Вараждин е во Словенија или Хрватска. Не знам колку сме од границата, но повеќе пати на телефонот ми стигна порака ’Добредојдовте во Словенија’. Затоа ми е јасно дека ова за нив е речиси домашен натпревар“, вели Ландин.