Top Sport

Лазаров деветти пат ќе игра во завршницата во ЛШ

Ракометниот клуб Нант, втор пат во својата историја, избори пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Во 2018 година, Нант не успеа во финалето против Монпелје, шансата за првата титула ќе ја бара оваа година.

Нант, во претходните две рунди, ги елиминира фаворизираните Кјелце и Веспрем. Синоќа, не потклекнаа кај најголемиот фаворит Веспрем. По голема борба ја сочуваа предноста од 32:28 која ја имаа по првиот меч. Веспрем со победата 32:30 не успеаја да го надополнат минусот од четири гола.

Четири гола за нант постигна селекторот на македонија Кирил Лазаров кој деветти пат во кариерата ќе игра за завршниот турнир. Најдобриот стрелец во историјата на ова натпреварување, претходно два пати играл полу-финале како играч на Веспрем, а откако е воведен Ф4 турнир за титулата, Лазаров со тимовите за кои настапувал (Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид) седум пати играл во завршницата. Последен пат во 2018 година со Нант.

Лазаров, во кариерата само еднаш бил европски првак, во сезоната 2014/2015 со Барселона.

Scroll to Top