Top Sport

Лазаров и Миркуловски нема да играат против Данска

Македонија, попладнево, гостува во Данска, во четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство. Пред три дена во Скопје, македонските ракометари со 33:29 го победија светскиот првак.

Со триумфот над Данска, Македонија со една нога веќе е на Европското првенство. Во конкуренција на Данска , Швајцарија и Финска, избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаат максимални три победи.

Во пресрет на дуелот во Данска, селекторот Лазаров, реши да изврши големи промени во тимот, во однос на првиот меч.

Поради повреда, дуелот ќе го пропушти Стојанче Стоилов, а против Данците нема да играат Лазаров и Филип Миркуловски. Лазаров ќе биде само селектор, а Миркуловски еден од неговите помошници.

За Данска, селекторот ги пријави Михаил Аларов, Мартин Серафимов и Емилијан Ѓоргоски.

Фото/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top