Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ја доби битката со коронавирусот. Лазаров има негативен ПСР-тест, денес ќе му бидат извршени дополнителни прегледи, а од утре ќе им се приклучи на соиграчите.
Покрај Лазаров, во тимот на Нант беше позитивен и Андријен Фигуерос. Исто како Лазаров и тој добил негативен тест.
Во Нант веруваат дека Лазаров и Фигуерос ќе бидат во тимот викендов, кога ќе играат против Данкерк.