Top Sport

Лазаров: Ќе има силна репрезентација и без Миркуловски и Лазаров

Македонскиот селектор и капитен, Кирил Лазаров беше задоволен од прикажаното при 27:25 победата на Чешка и пласманот на Светското првенство, порачувајќи дека без разлика на неговото најавено (но не и остварено) повлекување од репрезентацијата, ќе има добра иднина и со подмладен состав.

„Мислам дека победивме засужено и дека покажавме квалитет и вечерва. Тоа што ме плашеше пред натпреварот, на крајот се случи, изгоревме од желба и наместо да направиме предност со повеќе голови разлика, да го приведеме до крај, на крајот беше неизвесно. Македонија е позната по тоа. Победивме две силни ракометни нации, Романија и Чешка, кои можеби не потценија. Им честитам на момците, беа дисциплинрани со голема пожртвуваност, а после СП во Египет и ЕП во Австрија покажаа дека и без Филип Миркуловски и Кирил Лазаров ќе има силна репрезентација. Ќе продолжиме да работиме, ќе го кренеме нивото. Филип Талески и Филип Кузмановски, им се поставувам како татко, бидејќи знам не е лесно да си македонски репрезентативец и дека понекогаш има и нерелни очекувања“, изјави Лазаров за „МТВ“ по мечот.

Тој исто така беше запрашан за најавеното повлекување од националниот дрес, односно посветување на селекторската позиција, нешто што не се случи на денешниот меч, туку само се збогувавме со Филип Миркуловски.

„Ако тоа се случеше денес, ќе претствуваше дополнителен притисок за мене и за цела репрезентација. Реков и претходно, дека има време за збогување и за прослави, дека е важно да се пласираме на Светското првенство. Имав главоболки пре натпреварот, бидејќи беше последен на Жути. Сите знаеме колку тој може и умее, и сакавме да му обезбедиме да биде во главна улога како и секогаш за Македонија“, објасни Лазаров.

Фото: РФМ

Scroll to Top