Данскиот ракометар Расмус Бојсен креативно ја користи принудната пауза која ја предизвика пандемијата. Изминатиот период Бојсен направи неколку интересни избори на најдобри тимови, селекции, ракометари…
Последниот избор што го направи Бојсен се однесува на најдобриот тим во Лигата на шампионите во последните 20 години.
На позицијата десен бек во овој тим се наоѓа најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, Кирил Лазаров. Капитенот на македонската репрезентација во кариерата Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.
Покрај Лазров бекови во овој тим би биле Никола Карабатиќ и Сергеј Рутенка, крила Јонас Калман и Виктор Томас, пикер Андреј Чепки, дефанзивец Дидие Динар. Тренер на овој тим би бил Талант Душебаев.