Top Sport

Лазаров: Сите успеси во кариерата ги заслужив со напорна работа

Селекторот на Македонија, има намера уште една година да биде активен и како ракометар. Еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот, во средата, го предводеше Нант до победата над Кјелце. Францускиот тим, иако го загуби првиот меч на домашен терен, победи во Полска со три гола разлика и обезбеди четврт-финална пресметка против Веспрем.

Лазаров на натпреварот во Послка, влезе во историјата на Лигата на шампионите. Настапот против Кјелце беше негов 250. во елитното натпреварување. На листата тој го мина Арпад Штербик.

„Духот и ентузијазмот што го има Нант ни помогна да го елиминираме Кјлеце, тим кој беше меѓу фаворитите за титулата. Ја заслуживме победата. Јас секогаш имам високи цели, секогаш сум ги сакал предизвиците. Рекордите се резултат на напорна работа, сите успеси што сум ги постигнал во кариерата се заслужени“, рекол Лазаров во интервју за француските медиуми.

Scroll to Top