Top Sport

Лазаров за Спортклуб: Најнезгоден тим во групата е Словенија

Специјализираниот спортски портал „Спортклуб“ (www.sportklub.rs), во пресрет на Европското првенство во ракомет, денес објави интервју со како што го нарекува авторот на текстот, најдобриот десен бек во светот, капитенот на Македонија Кирил Лазаров.

Лазаров во интервјуто зборува за феноменот на Барселона и Никола Карабатиќ, Ненад Перуничиќ, гордоста што Македонија има европски првак во ракомет, клучната одлука во 2010 година, седмерецот против Португалија…

Европското првенство в петок ќе започне во Хрватска, а Македонија првиот натпревар ќе го одигра наредниот ден против Словенија. Во групата уште се и Црна Гора и бранителот на трофејот Германија.

„Секогаш сум оптимист, понекогаш дури и нереален. Ние како репрезентација треба да бидеме скромни да стоиме цврсто на земја. Можам само да кажам дека против никого нема да се предадеме, дури ниту против една Германија. Но ако сега кажам дека ќе ги победиме Словенија и Германија, а потоа во вториот круг Данска и Шпанија, тоа би било надмено и нереално. Што се однесува до нашата група мислам дека имаме поголеми шанси против Германија и Црна Гора, отколку против Словенија. Тоа е многу незгодна репрезентација и не случајно лани освоија бронза. Словенија има 16 подеднакво добри ракометари и врвен тренер. Веселин Вујовиќ знае како да ги мотивира да бидат храбри. Не очекува тешка задача, треба да одиме натпревар по натпревар“, рекол Лазаров.

Целото интервју на Кирил Лазаров можете да го прочитате на следниот линк

Scroll to Top