Top Sport

Лејно блеска на голот, Вардар води на полувреме

Ракометарките на Вардар во овие моменти го играат полу-финалниот натпревар на завршниот турнир во Лигата на шампионките. Во Будимпешта, Вардар за противник ја има екипата на Ростов Дон.

Во своето петто учество на завршниот турнир, актуелните европски вице-шампионки, со брилијантната игра во одбраната, која ја предводи голманката Амадин Лејно има предност .

Лејно, во првото полувреме, ја „спушти ролетната“ на својот гол, одбрани речиси 50 отсто од ударите кон својот гол и со десет интервенции, му донесе комотна предност на Вардар.

Вардар рано стекна предност од два гола (3.1, 4:2), потоа следуваше период во кој Вардар не постигна гол девет, а Ростов седум минути. Серијата ја прекина Лекиќ, која пота го однесе Вардар до предност од четири гола (6:2).

Влегувањето во игра на Булатовиќ ја стабилизира играта на Ростов во нападот. Рускиот тим во 27.минута се доближи на два гола негатива (10:8).

До крајот на полувремето гол уште постигна само Радичевиќ за 10:7.

Scroll to Top