Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ по завршувањето на сезоната црвено-црниот дрес на ЖРК Вардар ќе го заменат со синиот на ЧСМ Букурешт. Романскиот клуб денес официјално ги престави трите ракометарки како засилувања за идната сезона.
Новите планови на раководството на Вардар кои предвидуваат драстично кратење на буџетот и настап со домашни ракометраки ги натера ѕвездите во тимот да си бараат нови тимови за наредната сезона.
Лекиќ, Радичевиќ и Цвијиќ денес ја официјализира соработката со ЧСМ Букурешт, а претходно Александра Лакрабер објави дека се враќа во татковината, додека голманката Амадин лејно се договори со Ѓер.
Лекиќ и Радиќевиќ во ЖРК Вардар дојдоа од Ѓер во 2013 откако со овој тим ја освоија европската титула, додека Цвијиќ на црвено-црните им се приклучи на почетокот на оваа сезона.