Српската ракометна интернационалка Андреа Лекиќ кој беше една од ударните игли во ѕвездените денови на ЖРК Вардар пристигна во Црна Гора и се приклучи на својот клуб Будуќност, на тренинзите.
Иако владеат строги епидемиолошки мерки, границите меѓу двете земји се затворени, сепак Лекиќ и се приклучи на екипата и нема да мора да оди во задолжителен карантин.
Таа била негативна на ПЦР тестот во Белград, што и овозможи да тргне кон Подгорица.
Со дозвола на Институтот за јавно здравје, на која спортистите имаат право, ќе може да тренира со останатите избраници на тренерот Драган Аџиќ.
Лекиќ ќе мора да биде во таканаречен полукаранатин што значи дека додека не е на тренинг, времето ќе мора да го поминува во хотелска соба, пренесуваат црногорските медиуми.
Во ист таков режим во моментов е бразилската интернационалка Барбара Аренхарт која пред 7 дена дојде во Црна Гора од татковината.
Се чека од Русија да стигне и интернационалката Валерија Маслова.