Елена Ливриниќ, репрезентативка на Македонија и членка на Глорија Бузау е позитивна на вирусот Ковид-19.
Ливриниќ (25) е единствената од тимот чии резултат од тестот бил позитивен. Ова е втор случај на коронавирус во женската лига во Романија.
Ливриниќ летово пристигна во Глорија од Рапид Букурешт.
Репрезентативката на Македонија се наоѓа во самоизолација. Покрај неа во карантин е и нејзината цимерка Патрисија Морару и двајца членови на стручниот штаб.