Top Sport

ЛШ: Флензбург се врати со убедлива победа над Мотор

По двата домашни порази, Флензбург успеа да се врати со убедлива победа од 31:24 (13:11) над Мотор Запорожје во групата Б во Лигата на шампионите, да ги крене надежите на домашните фанови за подобра сезона.

Флензбург започна одлично и поведе со 4:1, но гостите тргнаа силно кон првата победа оваа сезона и со серија од 5:2 направија пресврт за 9:7. Но, шведското дуо Џим Готфридсон и Симон Јепсон се погрижија Флензбург да го врати водството за 13:11 на полувреме. Ласе Сван потоа постигна три гола во првите 10 минути од второто полувреме, по што германскиот клуб ја комплетираше убедливата победа.

За Флензбург најефикасен беше Норвежанецот Магнус Ред со осум гола, додека пет имаше Готфридсон, додека за Мотор најдобар беше Полјакот Павел Пачковски со шест гола, додека нашиот Жарко Пешевски имаше само еден неуспешен удар.

Финскиот дебитант во ЛШ, Рихимаки Кокс пак, повторно пропушти шанса за домашна победа откако Динамо Букурешт ги победи со 32:31 (15:17). Ренберг и Таминен имаа комбинирано 21 голови, но тоа не беше доволно за Кокс да стигнат до победа по драматичното реми со Адемар Леон.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Рихимаки Кокс – Динамо Букурешт 31:32 (17:15)

Флензбург – Мотор 31:24 (13:11)

Scroll to Top