Актуелниот шампион во ракометната Лига на шампиони, Кил е многу блиску до пласман во четврт-финалето, откако на гостувањето кај Пик Сегед стигнаа до убедлива 33:28 (21:13) победа предводени од фантастичниот голман, Никлас Ландин.
Бундеслигашот имаше доминантно прво полувреме во кое направија предност од дури осум гола, која подоцна домаќинот не успеа да ја надополни и покрај камбекот предводен од нивниот голман Мирко Алиловиќ.
Сандер Сагосен постигна осум гола за Кил, Харалд Реинкинд додаде шест, додека за домаќините најефикасен беше Богдан Радивојевиќ со шест постигнати гола.