Рајн-Некар Левен стигна до 33:27 победа над белорускиот шампион Мешков Брест за да се израмни со Вардар на првото место во групата А во Лигата на шампиони.
Бундеслигашот немаше проблеми против цврстиот тим на Мешков, поведувајќи со +5 на полувремето, за на крајот да ја зголеми разликата на шест гола. Валур Сигурдсон имаше шест гола за домаќините, по пет додадоа Липовина, Менса Ларсен и Фет, додека македонскиот репрезентативец Филип Талески имаше еден гол. За Мешков најефикасни беа Ивиќ и Шкурниски со по пет гола.
Висла Плоцк пак, со високи 34:18 го победи дебитантот во Лигата на шампионите, финскиот Рихимаки Кокс, доминирајќи од почеток до крај на мечот. Во третиот дуел од ЛШ во средата, Динамо Букурешт во тесен натпревар со 35:34 го победи швајцарскиот Тун.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Динамо Букурешт – Тун 35:34 (19:14)
Рајн-Некар Левен – Мешков Брест 33:27 (18:13)
Висла Плоцк – Рихимаки Кокс 34:18 (16:10)
Фото: ЕПА