Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски блескаше на голот на Порто на дуелот во Германија против Фленсбург. Тој беше најдобар поединец на мечот со 14 одбрани и најзаслужен за бодот што го извлече Порто играјќи 26-26.
Никола Митревски имаше 35 отсто успешно одбранети удари на голот на Порто.
Кај португалскиот клуб најефикасен беше Џибрил М’бенгуе со шест гола, додека Ејнарсон го заврши мечот со осум погодоци.
Nikola #Mitrevski? ⛔⛔!@FCPorto @SGFleHa #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/3H2Svy56wu
— EHF Champions League (@ehfcl) March 2, 2022