Српскиот голман Владимир Цупара со спектакуларна одбрана го обележа почетокот на осмото коло во ракометната Лига на шампиони.
Кадетен Шафхаузен и Адемар Леон, во рамките на Ц групата, го отворија колото, победи шпанскиот тим 23:24, благодарение на Цупара, кој во последните секунди одбрани седмерец.
Цупара мечот го заврши со седум одбрани, а последната му овозможи на Адемар Леон да стигне до петтата победа во групата.
Адермар Леон се наоѓа во серија од четири победи, а во наредното коло ќе го пречека конкурентот за пласман на едно од првите две места, Скјерн.