Репрезентативецот на Словенија Борут Мачковшек договорил соработка со Веспрем. Словенецот, со клубот чии дрес го носи и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, потпиша две годишен договор.
Левиот бек, Мачковшек (26) во Унгарија пристигна од екипата на Целје Пивоварна Лашко. Во кариерата има настапувано за Хановер, Монпелје, Динамо Минск…
Актуелниот тренер на Веспрем, Љубомир Врањеш, сакал да работи со Мачковшек уште во времето додека го предводеше Фленсбург, но тогаш Словенецот се решил да потпише за Хановер.
Веспрем, минатата сезона по цела деценија остана без титулата во унгарското првенство, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во четврт-финалето.