Top Sport

Мајката Карабатиќ: Моите синови никогаш не „местеле“

Француските ракометни браќа, Лука и Никола Карабатиќ на трибините во Загреб ги поддржува и нивната мајка, Радмила, која во интервју за хрватскиот „Вечерњи лист“ вели дека скандалот околу местењето мечеви и нивната суспензија од ракометот била само „валкана игра“.

Радмила Карабатиќ вели дека најтешкиот момент во животот, секако, бил смртта на нејзиниот сопруг Бранко Карабатиќ во мај 2011 година, но вели дека се чувствувала ужасно кога нејзините синови биле меѓу обвинетите за местење.

„Тоа беше страшно. Мене како мајка ми беше ужасно, посебно на почетокот, но ги знам моите деца и знам како ги одгледувавме. Од почетокот бев сигурна во нивната невиност. Тоа беше валкана игра од други луѓе, но сега нема да зборувам за тоа“, изјави Радмила Карабатиќ.

Бранко Карабатиќ беше ракометен тренер во Ниш, каде што и ја запозна Радмила, но потоа животот ги однесе во Франција, каде што постариот Карабатиќ работеше како тренер.

„Бранко отиде во Франција кога Никола имаше шест месеци, додека јас почекав да го завршам медицинскиот факултет и отидов три години подоцна, кога Лука се роди во Стразбур. Не знаев француски, а дипломата не ми ја признаваа. Дури во 1992 година почнав да работам како медицинска сестра и така мојата докторска диплома остана неискористена. За Никола знаевме од мал дека ќе биде фантастичен спортист, бидејќи од 10 години зборуваше ‘ќе бидам најдобар на светот’. Лука почна многу подоцна, кога имаше дури 18 години“, додава Карабатиќ.

Браќата Карабатиќ можат да одат на ЕП

Scroll to Top